Дизелот минимално поскапува, бензините на исто ниво
Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,95%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 19.08.2019 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 19.08.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,924 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,574 ден/кг.
Новите цени на горивата почнуваат да важат од ноќеска на полноќ, односно 27.08.2019 година.