Сопствениците на електрични велосипеди се просечно физички активни споредбено со сопствениците на класични велосипеди

Многу љубители на возењето со велосипед не гледаат со благонаклоност на електричните велосипеди кои не треба (премногу) да бидат педалирани бидејќи се напојуваат со електричен мотор. Секако, за да возите електричен велосипед не е потребно да го користите електричниот мотор, туку можете само да ги вртите педалите како и кај класичен велосипед, иако погонската единица често добро доаѓа.

Поради употребата на е-моторот, се верува дека возењето на вакви велосипеди не претставува голема физичка активност и вежба како класичното педалирање. Но, една неодамнешна студија покажува некои изненадувачки резултати. Имено, возачите на електрични велосипеди се физички поактивни од сосптвениците на класичните велосипедисти и во просек трошат повеќе енергија при нивните активности на две тркала. Научниците го истражувале времето што луѓето го поминуваат во физички активности како што се возење (електрични) велосипед, одење и други активности, како и оддалеченоста која секој ден ја минуваат со овие возила или со одење.

Причината за овој изненадувачки заклучок (во кој некои велосипедисти сигурно ќе се сомневаат) лежи во фактот што сопствениците на велосипеди со мотори поминуваат повеќе време на патиштата и возат подолги растојанија – можеме да се претпостави дека поголемото растојание до работа е причината зошто многу луѓе купуваат ваков вид велосипед наспроти класичните модели. Исто така, истражувањето покажало дека кај многу сопственици на е-велосипеди, овие возила не им ги замениле класичните велосипеди, туку автомобилите, така што тие станале физички поактивни, а помалото време поминато зад воланот на автомобилите придонесува и за заштита на животната средина.

Истражувањето е спроведено на 10.000 луѓе во седум европски земји и е објавено во списанието Transportation Research Interdisciplinary Perspectives, а научниците кои учествувале во студијата веруваат дека овие резултати би можеле да се искористат за лобирање за развој на подобра и побезбедна инфраструктура погодна за електрични велосипеди.