Од што најмногу се плашат од возачите?
Истражување спроведено во Велика Британија открива дека непознатите патишта се најголем кошмар за возачите, па дури потоа следат…
Истражувањето е спроведено од британската авто школа Red Driving School и покажува дека 38% од анкетираните сопственици на автомобили се плашат од непознати патишта. На второ место е стравот од агресивните возачи кои можат да се сретнат по патиштата – според 35% од анкетираните. 17% од британските возачи се плашат од велосипедисти, а само 1% од пешаците кои ненадејно преминуваат улица.
Интересна е направената споредба на овие резултати со податоците од британското Министерство за транспорт. 40% од сите сообраќајните несреќи на островот се случуваат ноќе, и покрај фактот дека само 9% од анкетираните се плашат да возат ноќе. Лошите услови на патот се причини за 12,6% од несреќите, додека грешките на возачите и опасното возење предизвикуваат 71% од сообраќајките.
Што прават британските возачи за да се смират ако се нервозни додека возат? 25% од анкетираните велат дека пуштаат музика, а 18% велат дека ја исклучуваат музиката. Малкумина признаваат дека користат длабоко дишење, спреј за нос и други традиционални методи за релаксација, додека 10% едноставно ја прифаќаат својата вознемиреност, без да се обидат да ја потиснат.
Иан Мекинтош, извршен директор на Red Driving School, ги советува возачите кога тргаат на пат по непознат пат, истиот да го проучат и претходно да се подготват. Ако чувствувате дека паничите, не посегнувајте по шолја кафе и наместо тоа, практикувајте вежби за дишење, отворете го прозорецот и обидете се да се опуштите, фокусирајќи се на самото возење.