Германија мака мачи како да го зголеми бројот на сопственици на електрични автомобили
Германија се соочува со значителни пречки во постигнување на својата цел, а тоа е зголемување на бројот на сопственици на електрични автомобили
Според студијата на Германскиот автомобилски клуб (ADAC), се чини дека главниот проблем е тоа што повеќето луѓе во земјата немаат пристап до полначници за овие возила.
Две третини од Германците живеат во станови и имаат мала можност електричните автомобили да ги полнат дома. Дури и кога има подземен паркинг, 96 проценти од нив немаат приклучоци за струја.
Само два проценти од подземните паркиралишта и паркиралишта со повеќе од десет места за паркирање, опфатени со истражувањето на ADAC, имаат најмалку една станица за полнење или ѕидна единица.
Воедно ADAC интервјуирал 310 компании за продажба на недвижнини во 11 поголеми градови, кои заедно управуваат со 4.815 големи подземни гаражи и паркинзи.
„Четири од пет такви компании немаат станици за полнење на електрични возила во која било од нивните згради. Оние неколку компании кои имаат такви единици во нивните згради обично се сместени во изолирани објекти“, се вели во студијата.
Интересно, само една четвртина од анкетираните компании размислуваат да постават решенија за полнење на електрични автомобили во наредните три години. Главната причина за тоа според менаџерите е „неискажаниот интерес на станарите и сопствениците“, се вели понатаму во студијата на ADAC. Останатите причини наведени од менаџерите на имотите се високите трошоци, техничките проблеми и правната несигурност.
Обичните приклучоци за домаќинството не се доволни за полнење на електричните автомобили на долг рок, бидејќи за долг период на полнење под голем товар, каблите може да запалат.
Според Федералната канцеларија за моторни возила, во Германија од 47,1 милиони автомобили, само 200.000 се електрични или хибридни.