Русите од Garage 54 повторно инвентивни. Ги заменија тркалата со… ?/ ВИДЕО
Нов изум на Русите како автомобилот може да се тркала
Предизвикот е голем. Момците зад YouTube каналот Garage54 се обиделе да направат тркала од ланец. Да, токму така. И успеваат.
Jа завариле секоја индивидуална aлка на ланецот во кружна форма и потоа добиениот производ го позиционирале на местото на тркалото. Притоа, користеле неколку трикови, а во еден ланец го навлекле ланецот на тркало пред заварувањето за да добијат што попрецизна кружница. Секое „тркало“ добило по две кружници, а потоа тие меѓусебно се споени и засилени со носачи, се разбира, изработени од ланец. Конечно, таквата структура е заварена на дел од класично тркало за да се искористи дел од структурата што треба да биде прикачена на подвозјето на автомобилот односно оската. Резултатот е навистина импресивен, а покрај вревата, авторот е импресиониран: „Грипот воопшто не е лош!“
Погледнете и сами.