Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез ја извојува својата шеста сезонска победа и трета на патеката во Брно

Воедно, за Маркез ова е 50-та победа во кралската класа, со што тој стаа четвртиот возач со 50 или повеќе победи по Валентино Роси, Мик Дуан и Џакомо Агостини

До второто место стигна возачот на Ducati, Андреа Довициозо, кој имаше одличен старт, но не успеа да го преземе водството од Маркез ниту во еден момент. Возачот на сателитскиот рим на Ducati, Џек Милер го зазеде последното место на подиумот, пред Алекс Ринс со Suzuki, Кал Кручлоу со Honda и Валентино Роси со Yamaha.

По ненадејниот дожд во Брно, иако патеката беше влажна на одредени места, повеќето возачи решија да започнат со слик гуми. Најпроблематичната делница беше делницата помеѓу последниот и првиот свиок пред и после стартно-целната рамнина. Контролата на трката одлучи да го одложи стартот за 40 минути од безбедносни причини, за да се даде време патеката да се исуши. Воедно беше решено трката да се скрати на 20 круга.

По повторениот старт, Маркез го задржа првото место. Довициозо одлично стартуваше и се залепи зад Маркез, следен од Милер и Ринс.

Валентино Роси беше во можност да напредува за една позиција, но имаше потешкотии да го престигне Пол Еспергаро на KTM, што придонесе полека да заостанува зад водечката четворка.

Веќе на четвртиот свиок следи и првиот инцидент помеѓу Франко Морбидели на сателитската Yamaha и Жоан Мир на Suzuki.

Во четвртиот круг, Докторот успеа да го помине Еспергаро, но зад него веќе беше сериозно се приближи Кал Крачлоу. Во меѓувреме, тимскиот колега на Роси, Маверик Виналес загуби пет места на стартот, за шест круга подоцна да се „освести“ и да продолжи да се движи кон првите 10.

Во седмиот круг, Роси ја губи битката со Крачлоу за петтата позиција.

Во следните кругови, Маркез го зголеми темпото и во 14-от круг веќе беше на две секунди пред Довициозо кој немаше сили за битка за победа до крајот на трката. Пред самиот крај на трката, Милер успеа да го помине Ринс  да си го обезбеди последното место на пиедесталот.

Зад Роси на шестата позиција во Топ 10 завршија Фабио Квартараро, Данило Петручи, Такахаки Накагами и Маверик Виналес.

Со новата победа Маркез го зголеми водството во генералниот пласман. Маркез има 210 поени, а потоа следат Довициозо со 147 поени и Петручи со 129 поени.

РЕЗУЛТАТИ

RACE HIGHLIGHTS

https://youtu.be/obW7YPRUYnQ