Со цел да се исполни производниот план според кој во 2019 година треба да се направат 360.000-400.000 возила, американската компанија во втората половина од годината треба да произведе 200.000 електрични автомобили

Во второто тромесечие од 2019 година, Tesla до клиентите доставила 95.356 возила (раст од 134% на годишно ниво), а според очекувањата ова треба да биде и последното тримесечје со помалку од 100.000 возила. Во моментот, Model 3 опфаќа над 80% од вкупната продажба на овој производител, додека продажбата на моделите S и Model X се намалува.

Од 95.356 возила продадени во периодот април-јуни 2019 година, 77.634 се Model 3 (раст од 321% на годишно ниво) и 17.722 од моделите S и X (21% пад на годишно ниво).

Tesla и понатаму се држи до поставените цели, кои за тековната година се 360-400 илјади продадени автомобили. Со цел да се достигне долната граница на планот (360.000 возила), во периодот од јули до декември, од производните ленти треба да се симнат над 200.000 возила, или, во просек, нешто повеќе од 100.000 возила гледано квартално.

Од компанијата велат дека погонот во Фримонт е подготвен за производство на 7.000 единици од Model 3 на неделно ниво, а до крајот на 2019 година на неделно ниво ќе може да се произведуваат 10.000 единици од Model 3, S и X заедно.