На Филипините немаат милост за шверцувани автомобили / ВИДЕО
Филипинската влада продолжува со уништување на конфискувани супер автомобили во рамките на борбата против криминалот
Последната жртва е еден од бисерите на автомобилската индустрија, прекрасниот Ferrari 360 Spider. Автомобилот е уништен со булдожер и претворен во куп метал како предупредување за шверцерите. Гордоста на италијанската автомобилска индустрија е запленета бидејќи била заведена како „авто делови“ при увозот. Вредноста на ова Ferrari се проценува на околу 130.000 евра.
Ова не е прв случај владата на Филипините да уништува некој суперавтомобил откако ќе биде запленет од шверцерите. Претходно, на ист начин е уништено Porsche 911 GT3.
Јавноста смета дека постои подобро решение од уништувањето на вака вреден имот, но очигледно е дека владата има поинакво гледиште. Филипинскиот претседател Родриго Дутерте е познат како заговорник на драконски казни за криминалците и ја поддржува смртната казна за шверцерите на дрога. Се проценува дека неговите „одреди на смртта“ се одговорни за 1.400 убиства во периодот од 1998 до 2016 година, каде жртви се најчесто зависници од дрога, мали криминалци и деца бездомници.