Што се случува со Alfa Romeo? Драстичен пад на продажбата во Европа
Италијанскиот производител Alfa Romeo оваа година бележи многу лоши продажни резултати
Во првите шест месеци од годината, Alfa Romeo има продадено дури 41,6% помалку возила во споредба со истиот период минатата година. До јули годинава, во Европа се регистрирани вкупно 29.336 нови единици на Alfa Romeo, за разлика од минатата година кога таа бројка била околу 50.000.
Вака драстичен пад на продажбата нема ниту еден друг производител на автомобили. Очигледно е дека Alfa Romeo не може да одговори на конкуренцијата само со спортскиот седан Giulia и SUV моделот Stelvio.
Giulietta, претставникot во најпопуларната европска класа на компактни возила, одамна e застарен во споредба со конкуренцијата, додека Alfa Romeo од својата гама веќе го исфрли малиот MiTo.
Дали нешто ќе се промени кога Alfa Romeo ќе ја претстави сериската верзија на компактниот SUV Tonale, кој привлече многу внимание како концепт, останува да видиме.