Поскапуваат и бензините и дизелот
Со новата Одлука е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,44%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката
на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од
24.06.2019 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.06.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,849 ден/кг.
Новите цени на горивата почнуваат да важат од ноќеска на полноќ, односно 02.07.2019 година.