Верувале или не: авиони и автомобили делат ист паркинг
Boeing најде паркинг место за проблематичните воздухоплови од серијата 737 MAX
Сопствениците на автомобили од Рентон, Вашингтон, се принудени да го делат локалниот паркинг со авиони. Причината за тоа е што компанијата Boeing, чија централа се наоѓа во ова гратче, користи дел од просторот на паркингот за складирање на проблематичните приземјени воздухоплови од серијата 737 MAX, пренесува локалниот канал King 5 News.
Ако не сте знаеле досега, два авиони од овој модел се урнаа во период од неколку месеци, при што загинаа 346 лица. Ова го принуди Boeing да ги запре летовите на вкупно 500 единици, од кои 100 веќе чекаат за сервис во фабриката во Рентон. Бидејќи компанијата веќе нема место за нивно паркирање, постојано бара нови варијанти.
Претставник на Boeing открива дека распоредувањето на авионите на паркинзи за автомобили е дел од новиот план за управување со материјалните ресурси на компанијата. Според агенцијата Bloomberg, месечниот закуп за паркирање на авион на такво место чини околу 2.000 долари.
Моделот 737 MAX 8 е најновиот авион со средниот досег на американскиот производител. Овиј модел започна да се користи во текот на 2017 година, но по несреќите со авионите на авиокомпаниите Lion Air и Ethiopian Airlines летовите со него се целосно запрени.