Рангирањето е на изданието Neue Reifenzeiting е направено врз основа на  прометот на компанииите

Кој е најуспешниот производител на гуми за 2018 година? На ова прашање одговара германското издание NRZ, кое ги објави финансиските резултати на најголемите компании во светот во оваа гранка.

На првата позиција, според годишниот промет е јапонскиот Bridgestone – 24.247 милијарди евра, кај кого растот во однос на 2017 година е 7,48%. На второ место е Michelin – 21.587 милијарди евра (+ 0,31%).

Она што е впечатливо е разликата помеѓу првите две компании и останатите, почнувајќи од третопласираниот.

На третата позиција е Goodyear – 13.515 милијарди евра (+ 5,41%), на четверто е Continental – 11.352 милијарди евра (+ 0,23%), а на петтото е Sumitomo – 6.103 милијарди евра (+ 8,92%).

Во Топ 10 најуспешните производители влегуваат и Hankook – 5.317 милијарди евра (-0,14%), Pirelli – 5,194 милијарди евра (-2,95%), Yokohama – 3.611 милијарди евра (+ 5,96%), ZС Rubber – 3.413 милијарди евра (+ 11.43%) и Maxxsis – 3.120 милијарди евра (-1.13%).