Рангирање според американскиот iSeeCars, а дел од моделите се присутни и на европскиот пазар

Американскиот веб сајт iSeeCars спровел истражување за исплатливоста на новите автомобили. Експертите анализирале 3,8 милиони објави за продажба на користени автомобили за да утврдат колку се амортизираат три години по нивното излегување од салон. Просечниот показател за локалниот пазар е 38%. Меѓутоа, некои модели стануваат поевтини многу побрзо, и токму тие се дел од рангирањето на iSeeCars. Класификацијата е поделена на две групи: првата десетка се лесни автомобили, а во втората – кросовери и теренци.

Acura RLX – намалена цена за 55,8%
Lincoln MKZ – намалена цена за 55,6%
Mercedes E-Class – намалена цена за 55,4%
Jaguar XF – намалена цена за 54,8%
Cadillac XTS – намалена цена за 54,5%
Lincoln MKZ Hybrid – намалена цена за 54,5%
Kia Quoris – намалена цена за 54,4%
BMW 5 Series – намалена цена за 53,8%
Cadillac CTS – намалена цена за 53,8%
Audi A6 – намалена цена за 53,3%

Lincoln Navigator L – намалена цена за 51,6%
Infiniti QX80 – намалена цена за 49,1%
Lincoln MKT – намалена цена за 49,0%
Ford Expedition – намалена цена за 48,7%
Lincoln Navigator – намалена цена за 48,1%
Lincoln MKC – намалена цена за 48,0%
Buick Enclave – намалена цена за 47,8%
Volkswagen Tiguan – намалена цена за 47,7%
BMW X5 – намалена цена за 47,7%
Infiniti QX60 – намалена цена за 46,9%