Срце на мотоцикл и забрзување на болид: Ова е најбрзата косилка за трева во светот / ВИДЕО
Во забрзување до 160 km/h може да се носи со најбрзите патни автомобили на денешницата
Цели пет години Honda Mean Mower го држи Гинисовиот рекорд за најбрза моторна косилка. Станува збор за возило со максимална брзина од 187,6 km/h чиј 1.0 мотор од 110 КС од VTR Firestorm минатата година е заменет со 193 КС моќниот CBR 1000RR мотор. Значи, станува збор за, без претерување, болид со тежина од само 69,1 килограми.
Со најновата модификација, максималната брзина е подигната на 241 km/h, а тоа значи дека до 160 km/h стигнува со уште поимпресивен резултат – само 6,12 секунди или просечно 6,285 секунди (просек од два обида). И што е најважно, при тоа може и да коси бидејќи карбонските ножеви се придвижуваат од посебен електричен мотор.
Ако сеуште не ви е јасно, станува збор за забрзување на ниво на Ferrari Enzo или McLaren F1.
Погледнете и сами.