Со новата Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20%, во однос на малопродажни цени на нафтените деривати утврдени од страна на
Трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт од
27.05.2019 година

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.05.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.05.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,846 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.05.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 35,118 ден/кг.