Втора трка и втора победа за Мартин Делев на TWINGO CUP
Мартин Делев е победник на вчерашната втора трка во рамките на Twingo Cup одржана на патеката во Кичево
Делев до својот втор триумф сезонава дојде со вкупно време од 28:15.846. На
победничкиот подиум се искачи и Давид Малинковски, кој финишираше на втората позиција со задоцнување од 0.356 секунди, додека трет беше Емил Нацка.
Ангелчо Стојковски беше четврти, а до седмата позиција се пласираа Слободан Трајковски, Иван Стефановски и Ненад Костовски.
Сашо Кочевски не ја стартуваше трката, додека пак Томислав Трајковски излета на двојната десна кривина во деветиот круг и не беше во можност да ја продолжи трката.
На патеката во Кичево имаше лоши временски услови, па затоа организаторот упати благодарност до натпреварувачите кои го прифатија предизвикот да возат на влажна патека и при вакви услови да го покажат својот тркачки талент.
На крајот од секоја сезона за победниците, односно за првите три места се предвидени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда за најдобриот во севкупниот пласман на TWINGO CUP е предвидено 100% електричното возило Renault TWIZY.