Нов „ѕвер“ од Италија / ВИДЕО
На овогодинешното издание Concorso d’Eleganza Villa d’Este, меѓу другите можеше да се види и слушне еден навистина посебен автомобил
Доволно е да се каже дека е во друштвото на најубави уникати кој со дизајнот потсетува на еден великан во автомобилската индустрија кој оваа година се враќа на сцената, De Tomasо. Неговото име е Panther ProgettoUno зад кој со потпис стои Ares Design. Дизајнерот се потпира токму на De Tomaso и неговиот Panther кој исто така ќе биде оживеан оваа година, на фестивалот на брзината во Гудвуд.
Автомобилот користи позната база. За дизајнерскиот излет послужил Lamborhini Huracan. Автомобилот се потпира на неговиот дијамант од погонски агрегат – 5.2 V10 Atomic Jewel, но во овој случај со 650 КС и 600 Nm. Авторот тврди дека поради задржувањето на истата маса како и оригиналниот Panther до 100 km/h ќе стигнува за 3, 1 секунди со максимални 325 km/h.
Цената на овој карбонски убавец има цена од околу 615.000 евра и време за изработка од 12 недели.