Според оваа студија, најмногу доверба во марката имаат токму сопствениците на Alfa Romeo

Студијата на AMCI наречена Trusted Automotive Brand Study покажала дека традиционалниот фокус на производителите на квалитетот, задоволството на клиентите и елиминирање на проблемите има малку врска со довербата на клиентите во одредена марка, пишува Automotive News. Наместо тоа, студијата покажува како автомобилските брендови мора да се фокусираат на три основни принципи, а тоа се компетентност, интегритет и емпатија.

„Фокусот на задоволството и квалитетот се базира на осигурувањето дека нема негативни последици и индустријата тука има направено огромен чекор назад во последните неколку децении. Задоволството не е доволно, туку треба севкупност и емпатија за да се развие емотивна врска на доверба што води кон лојалност“, објаснува Иан Бивис од AMCI.

Студијата покажала дека на ова поле најдобро се снаоѓа токму Alfa Romeo, брендот на кој постојано му се забележува дека има проблем со квалитетот. Оваа марка освоила 51 од 100 поени и на тој начин станала луксузен бренд на кој најмногу му се верува. А за ова најзаслужен е новиот бизнис модел кој на корисникот му дава можност за контрола над неговиот интерес, објаснува Бивис.

Всушност повеќето луксузни брендови напредува по однос на ова прашање, а единствени кои паднале подоле во рангирањето се Tesla, BMW и Infiniti.

Од друга странa, во конкуренцијата на брендови за широките народни маси, највисоки оценки добила Honda, пред се поради грижа за клиентите во текот на големата сервисна акција предизвикана од проблемот со Takata воздушните перничиња. Најголем позитивен скок забележала Mazda, по што следи Hyundai. И двата бренда имаат воведено нови програми за поддршка на корисниците.

Студијата на AMCI била спроведена на околу 2.500 сопственици на автомобили од 34 различни брендови. Студијата ги опфатила само оние сопственици кои на иста марка се верни најмалку пет години.