Ford и Amazon одлучиле да соработуваат на неколку нивоа, а едно од нив е воведувањето на целосно автономна испорака

Во него самовозечко возило без никаква асистенција од човекот ќе стигнува до адресата за испорака, а потоа роботот се ќе преземе во свои раце. И тоа буквално, доставувајќи го пакетот до куќниот праг.

Ford веќе сега е подготвен за таква услуга, затоа што го има Digit, робот развиен во соработка со компанијата Agility Robotics. Нивната проценка е дека во САД, поштенската услуга повеќе не може да се завршува на класичен начин, особено откако бројот на испораки двојно е зголемен за само десет години. Дури шест милијарди пратки се испорачани само во 2018 година.

Токму затоа е сосздаден Digit, робот подготвен да ја заврши работата целосно самостојно. Се чини ефективно, но во исто време малку страшно. Погледнете и проценете сами.

Нам ни се чини дека ништо не научивме од Terminator.

https://youtu.be/WHWciIxNK2c