Во чест на 50-годишнината од премиерата на филмот On Her Majesty’s Secret Service од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд, Aston Martin лансираше специјалното издание на моделот DBS Superleggera

Токму една од поважните „улоги“ во филмот во кој главната улога ја игра австралискиот глумец Џорџ Лезенби, ја има оригиналниот DBS во специјална нијанса на зелена боја.

Во негова чест Aston Martin лансира специјално издание на супербрзиот Grand Tourer DBS Superleggera, кој ќе биде изработен во само 50 примероци и тоа во во истата зелена боја. Специјалното издание доаѓа и со специјални тркала, редизајнирана маска на ладилникот, дополнителни карбон детали и соодветни ознаки.

Под капакот на моторот се наоѓа стандардниот 5.2-литарски V12 битурбо мотор кој преку осум-брзинскиот автоматски менувач на задната оска префрлува 725 КС и 900 Nm вртежен момент. Ова на DBS Superleggerа му овозможува забрзување од место до 100 km/h за 3,4 секунди со максимална брзина од 340 km/h.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1in4vrVBeoqde04pipoCFjWfjvmnsR4cB” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Цената на секој од 50-те автомобили кои несомнено ќе станат колекционерски примероци е 342.435 евра.