Студијата е на двa британски сајта за запознавање преку интернет

Со кој автомобил имате најмногу шанси да пронајдете партнер на интернет сајт за запознавање? Ова прашање е одговорено од британски веб портали Askmen и Zoosk. Ако мислите дека автомобилот треба да биде нешто егзотично како Porsche, Maserati или слични брендови, сосема погрешно размислувате.

Истражувањето покажува дека лицето кое објавува фотографија со својот автомобил на сајт за запознавање добива 165% повеќе дојдовни пораки. Според тоа, неговите шанси за наоѓање на партнер се значително повисоки. Кои автомобили, сепак, значително ги зголемуваат шансите?

На прво место се моделите од брендот Jeep – во просек 243%. На второ место е BMW – 149%, а на трето Toyota – 73%. Ако се гледаат класите на автомобили, миниваните го зголемуваат интересот за 61%, седаните за 42% и пикапите или камионетите за 41%. Не избирајте хечбек, бидејќи интересот паѓа на 15%. Со караваните е уште полошо.

Генерално, споменувањето на  BMW, Nissan, Land Rover, Subaru, Ford и Mercedes води до зголемување на бројот на дојдовни пораки од други корисници во опсег од 11 до 79%. На спротивната страна се брендовите Honda, Chevrolet, Tesla, Lexus, Dodge и Mazda.

Истражувачите, сепак, велат дека на фотографиите што ги објавувате не треба да се фокусирате на тоа каков тип на возило поседувате. Многу е поважно да предизвикате интерес со нешто друго – на пример, со насмевка. Таа секогаш помага.