Ова се двата најмоќни сериски Mini автомобили во историјата / ФОТО+ВИДЕО
Надградените модели на Clubman и Countryman во John Cooper Works (JCW) верзии располагаат со дури 306 КС
MINI Clubman JCW и Countryman JCW се обновени за 2020 година, но најважните промени не се поврзани со дизајнот, туку со моторизацијата.
Актуелниот 4-цилиндерски 2.0-литарски турбо бензинец е значително модифициран и сега произведува 306 КС (225 kW) и 450 Nm. Тоа е дури 75 КС (55 kW) и 100 Nm повеќе од претходно. Моторот е поврзан со 8-брзинскиот Steptronic автоматски менувач.
Благодарение на ова вбризгување на моќ, подобрени се и перформансите на двата автомобили.
Така, Clubman JCW од 0 до 100 km/h стигнува за само 4,9 секунди (1.4 подобро од претходно), додека Countryman JCW од место до стотка забрзува за 5,1 секунди.
Максималната брзина на двата автомобили е електронски ограничена на 250 km/h.