Наследниокот на Lada Niva го чека судбината на Defender
Инженерите и дизајнерите во рускиот AvtoVAZ го имаат истиот проблем како и нивните колеги од Land Rover
Land Rover ја подготвува новата генерација на легендарниот Defender, која не смее да ги разочара фановите на овој култен теренец, а во исто време мора да ги следи модерните трендови и норми на автомобилската индустрија.
„Изведбата на автомобилот е тешка сама по себе, а кога станува збор за култен модел, тогаш одговорноста е уште поголема“, вели Ралф Спет, првиот човек на Land Rover.
Истото важи и за луѓето во рускиот AvtoVAZ кои го развиваат наследникот на легендарниот модел Niva, кој веќе некое време го носи името Lada 4×4.
Новата Niva пред се мора да го зачува карактеристичниот стил и теренските способности на стариот модел кој е актуелен од 1977 година.
Со оглед на тоа дека Land Rover се откажа од карактеристичниот коцкаст изглед со остри линии за новиот Defender, слично би можело да се случи и со новата генерација на Niva.
Lada Niva официјално беше преименувана во Lada 4×4 во 2006 година, а AvtoVAZ не го употребува името од 2014 година, бидејќи го отстапи на Chevrolet. Русите сепак се уште имаат право на кириличното име „Нива“.