Актуелниот шампион немилосрден кон своите противници за нова победа на Големата награда на Шпанија

Со оваа победа, Шпанецот се врати на лидерската позиција во генералниот пласман, преземајќи го водството од Андреа Довициозо, кој не успеа да стигне до својот прв подиум во Херез.

Возачот на Repsol Honda веќе на првата кривина по стартот го презеде водството, поминувајќи го Фабио Квартаре (освојувачот на пол позицијата) и Френк Морбидели, кој стартуваше од втората позиција. Потоа, Маркез постави темпо кое останатите не можеа да го следат, така да континуирано се оддалечуваше од останатите.

Одличен резултат и за возачот на Suzuki, Алекс Ринс, кој заврши како втор пред Маверик Вињалес.

Треба да се издвои дека младиот Квартаро на Petronas Yamaha не ја заврши трката (13 кругови пред крајот), што беше големо зачарување за сите, со оглед дека трката ја започна од пол позицијата.

Деветкратниот шампион Валентино Роси не беше во најдобра форма, но сепак извозе за шесто место и нови поени, бидејќи започна од 13-то место.

https://youtu.be/B3RImfYKueE

Следната трка се вози за ГН на Франција на 19 мај.