За 15 години во автомобилската индустрија, компанијата Илон Маск е 6 милијарди долари во „црвено“

Загубите на Tesla во првите три месеци од 2019 година се 702 милиони долари, велат од NBC, наведувајќи дека ова е еден од најлошите квартални резултати во текот на изминатите две години.

Во раководството на производителот на електрични автомобили не го кријат разочарувањето, а финансискиот директор на Tesla – Закари Киркхор, признава дека изминатите 3 месеци се еден од најтешките периоди во историјата на компанијата. Причините за тоа, според него се кратењето на производството и постојаните проблеми со испораката на веќе завршените електрични возила.

Генерално, продажбата на Tesla во првиот квартал има пад од 31%. Поради логистичките проблеми, кои компанијата ги идентификува како „непредвидени проблеми“, до 31 март само половина од нарачаните автомобили биле испорачани до крајните потрошувачи.

Експертите проценуваат дека за 15 години откако Tesla е во автомобилската индустрија, нејзините загуби се над 6 милијарди долари. Сепак, ова не го спречува менаџментот на компанијата да покажува оптимизам. Илон Муск и неговиот тим веруваат дека до крајот на годината ќе можат да произведат помеѓу 360.000 и 400.000 автомобили, а ако проработи кинеската фабрика, таа бројка ќе се зголеми на 500.000.

„Единствено за што може да не критикуваат, и тоа со право, е дека не секогаш ги почитуваме роковите. Јас и тимот на Tesla сепак напорно работиме на тоа“, е коментарот на извршниот директор на компанијата на Twitter.