„Честитка“ до Ford Mustang од најлутиот ривал / ВИДЕО
Ford Mustang, сеуште најпродаваниот спортски автомобил во светот веќе четири години по ред, го одбележува 55-тиот роденден, а „честитка“ има и од главниот конкурент
Верoјатно погодувате, поздравот доаѓа од General Motors односно Chevrolet. Видеото се појави на каналот Chevrolet Arabia, а тргнува од торта со запалени свеќички во форма на бројот 55…
Ford Mustang премиерно e прикажан на 17 април 1964 година, кога на Flushing Meadows го открил Хенри Форд II. Во првите години, Mustang бил вистински хит во Америка со годишна продажба од околу половина милион примероци. Подоцна, ентузијазмот спласнал, но Mustang сепак се одржува, за минатата година да стигне до 10 милиони продадени примероци.
Во меѓувреме, Mustang стана најпопуларниот спортски модел во светот, со неброени изведби. Токму сега на авто салонот во Њујорк се претставува нова верзија со 2.3-бензински мотор во HP верзија со 335 КС. Вистинското нешто доаѓа на крајот од годината во форма на Shelby GT500 верзија со 5.2 V8 со мотор со моќност од над 700 КС.