Зошто Volkswagen продава повеќе колбаси од автомобили?!
Ако се најдете во Волфсбург, задолжително побарајте го „оригиналниот дел 199 398 500 А“
Ако се најдете во фабриката на Volkswagen во Волфсбург и ве прашаат дали сакате да го испробате „делот 199 398 500 А“, немојте воопшто да размислувате. Станува збор за колбаси.
Можеби знаете, а можеби и не, но најголемиот производител на автомобили во светот прави и колбаси, и тоа во индустриски количини. Така, на пример, во 2015 и 2017 година компанијата продала повеќе колбаси од автомобили. Таканаречените Volkswagen Originalteil колбаси се многу популарни низ цела Германија, а нарачки доаѓаат и од странство.
Почетокот бил далеку поскромен: во 1973 година, раководството на компанијата одлучило да направи сопствен „вурст“ и сопствен кечап за потребите на фабричката кујна и сопствените работници. Ова истовремено ги намалило трошоците, а обезбедило и многу подобар квалитет на храната. Поради фабрички прописи, новиот „дел“ требало да има идентификациски број – 199 398 500 А, исто како и сите компоненти на автомобилот.
Денес 30 вработени, од кои повеќето обучени месари, се занимаваат само со оваа „компонента“, и дневно произведуваат над 18.000. Месото се купува од локалните фарми, а рецептот за кари-сос, кој вклучува кари, бибер и ѓумбир, е деловна тајна. Дел од производството се пакува во пакувања од по пет колбаси и се испраќа до дилерите, каде се делат како подарок на оние кои купиле автомобил
Постепено, овој „вурст“ станува бренд со речиси култен статус, Во 2017 година компанијата продала 7 милиони парчиња – повеќе од вкупниот број продадени автомобили од марката VW за таа година.