Oд ѓубре до биогориво
Голема работа за биогоривата е тоа што може да се добијат во различни форми од речиси сè, од растенија до индустриски отпад. Најтешкиот дел од приказната е прилагодување на автомобилот на биогориво, за да не се оштети и да се скрати неговиот работен век
Еден тековниот проект во Барселона, поддржан од Seat, се нарекува „Метаморфоза на животот“, а станува збор за ѓубре што се користи за производство на биометан, кој може да послужи како гориво за автомобили.
Според луѓето кои го водат проектот, секој граѓанин создава 1,5 килограми ѓубре дневно, што изнесува 2,5 милиони килограми годишно. Од оваа сума, само 40 проценти во моментов се рециклираат. Ендрју Шефер, шеф на проектотверува дека, тоа е чиста загуба.
“Со целиот органски отпад кој се создава, можеме да произведеме доволно биометан за 10.000 автомобили, кои годишно поминуваат преку 15.000 километри “, вели Шефер.
„Метаморфоза на животот” се однесува на биометанот кој е производ на рециклирачки процес во една од градските пречистителни станици за отпад. Всушност, ништо не е комплицирано со оваа идеја, бидејќи постојната инфраструктура е доволна за полнење, бидејќи биометанот може да ги користи истите танкови за бензин, па дури и може да се меша со него.
Она што е комплицирано се можните последици. Имено, Seat во моментов го тестира биометанот на четири возила, три Leon и една Arona. Планот е да ги проучи ефектите што биометниот ги има врз погонските агрегати по изминат пат од 30.000 километри.
Ако тестот е успешен, фабриката за преработка на отпад има потенцијал да произведе доволно биометан за 3.750 Seat Leon возила за патување низ светот секоја година.
Проценките велат дека производството и користењето на биометанот за автомобили генерира дури 80 проценти помалку јаглероден диоксид отколку бензинот. Покрај тоа, ова е добар начин за рециклирање на органскиот отпад.