Kia Motors Macedonia со нов продажен салон во Струмица
Kia Motors Macedonia продолжува да ја шири својата продажна мрежа во Македонија, а овој пат на ред беше нов продажен салон во Струмица.
На околу 400 метри квадратни, компанијата ќе ја доближи марката на источниот дел на државата.
По отворениот салон во Штип, ова е втор изложбен салон, кој е во сопственост на Kia Motors Macedonia, односно не е од дилерската мрежа. Суштината на отворање на сопствени продажни места е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава. По продажниот дел, ќе следи и сервисен дел, кој исто така ќе биде опремен по стандардите на брендот.
„Ова е важен регион за нас. Со новиот салон веруваме ќе придонесеме за подобро претставување на Kia во Македонија и да се потврдат овие 15 години опстојување на нашиот пазар. Развивањето на продажно-сервисната мрежа почна пред една година. Планираме сопствени салони во уште два градови во републиката“, изјави Владимир Билбилов, генерален менаџер на Киа Моторс Македонија.
Продажната мрежа на Kia ја сочинуваат дилерите во Охрид и Неготино, како и сопствените салони во Штип и Струмица. Од компанијата најавија дека во сите салони ќе ги имаат сите автомобили кои се дел од понудата, како и тест возила за клиентите кои се заинтересирани да го пробаат автомобилот и да се уверат во квалитетите кои ги нуди брендот.