Објавен ценовникот за новото Renault Clio
Renault го објави ценовникот за новото Clio за францускиот пазар
Се разбира, Франција е најважниот пазар за пуленот од Renault. Сега се знае и почетната цена, а тоа е 14.100 евра за основната верзија Life SCe 65 (со вклучен ДДВ).
Од другата страна на ценовната листа, се наоѓа најскапото Сlio – Initiale Paris Blue dCi 115, за кое ќе треба да се издвои 26.100 евра, што е повеќе од високо перформантната верзија Clio RS Trophy..
Се разбира, оваа верзија доаѓа со најбогата опрема и голем број на визуелни подобрувања, вклучувајќи ја и специфичната „ѕвездена“ маска на ладилникот, 17-инчни фелни, антена во форма на пераја од ајкула…
Кога станува збор за салонот, потребни се дополнителни пари за седишта пресвлечени со кожа и функција греење, 9,3 инчен централен екран и Bose аудио систем.
Новото Clio ќе биде достапно со шест нивоа на опрема, со бензински и дизел мотори од 65 до 115 КС. Достапен ќе биде и хибрид, но нешто подоцна оваа година, во форма Е-Tech систем, кој комбинира 1.6-литарски бензински мотор со менувачот кутија која работи во повеќе режими и батерија од 1,2 kWh.
Новото Clio е првото Renault, која е поставено на новата CMF-B модуларна платформа која ќе се споделува со моделите од гамата на Nissan и Mitsubishi. Од оваа причина, пуленот на Renault е ремонтиран од глава до пети, со 85 отсто нови компоненти.
Ценовник за Renault Clio за Франција
- LIFE SCe 65 (14,100 €)
- LIFE SCe 75 (14,600 €)
- ZEN SCe 75 (16,500 €)
- ZEN TCe 100 (17,800 €)
- ZEN Blue dCi 85 (19,300 €)
- ZEN Blue dCi 115 (20,600 €)
- BUSINESS Sce 75 (16,900 €)
- BUSINESS TCe 100 (18,200 €)
- BUSINESS Blue dCi 85 (19,700 €)
- BUSINESS Blue dCi 115 (21,000 €)
- INTENS TCe 100 (20,100 €)
- INTENS TCe 130 EDC FAP (22,800 €)
- INTENS Blue dCi 115 (22,900 €)
- R.S. LINE TCe 100 (21,400 €)
- R.S. LINE TCe 130 EDC FAP (24,100 €)
- R.S. LINE Blue dCi 115 (24,200 €)
- INITIALE PARIS(TCe 100 (23,300 €)
- INITIALE PARIS TCe 130 EDC FAP (26,000 €)
- INITIALE PARIS Blue dCi 115 (26,100 €)