Тркачки уникат од Ferrari оди во гаража на таен купувач / ВИДЕО
Со презентација во Хонг Конг, Ferrari официјално го заврши проектот започнат во 2015 година. Еден единствен уникатен примерок
Неговото име е P80 / C, додека името на сопственикот најверојатно нема да го дознаеме се додека автомобилот не се појави на некоја аукција. Дотогаш, сопственикот ќе може да ужива во возење на „кругчиња“ во технички беспрекорен тркачки автомобил, бидејќи за тоа е наменет.
На пат неможе, а кога не е на патека, новиот сопственик ќе може да ужива во глетката на него. А дефинитивно има што да се види, бидејќи станува збор за италијански уникат инспириран од иконите на 1960-те, 330 P3 / P4 и Dino 206 S. Притоа некои аспекти за хомологијата може да се занемарат, така што дизајнерите навистина направиле што сакале. Тука пред се се мисли на светлата и големиот број аеро-додатоци.
Засега техничките спецификации се непознати, со исклучок на тоа дека основата е 488 GT3. Покрај кокпитот придвижен нанапред, како посебност се истакнува и задното крило. Сопственикот, исто така, добил две конфигурации, racing и exibition. Така, во првaта има 18-инчни фелни и карбон крило, додека другата нуди 21-инчни тркала и отсуство на аеро-додатоци.
Цената е непозната.