Porsche ќе се обиде да стави крај на препродажбата на своите нови модели
Наскоро, германскиот производител на автомобили Porsche ќе воведе некој вид претплата за своите нови автомобили во обид да се избори со дилерите кои купуваат автомобили произведени во ограничено издание со единствена цел потоа да ги продаваат со огромен профит
Овој проблем го има не само Porsche, туку и другите премиум брендови. Меѓутоа, германската компанија сериозно се надева дека на овој начин ќе го реши проблемот со препродажба на новите автомобили. Жртви на препродавачите се модели како Boxster Spyder, 911 R и GT, како и 918 Spyder.
Особено впечатлива е препродажбата на моделот 911 R во 2016 година, кога колекционерите на автомобили, подготвени на сè, биле принудени да платат пет пати поголема од номиналната цена за да ја заобиколат листата на чекање и веднаш да го купат автомобилот.
„Нашата цел е да продаваме автомобили на возачи, а не на дилери“, вели првиот човек на германската компанија Оливер Блуме. Едно од решенијата може да биде воведувањето на специјална лизинг шема која ќе ја исклучи препродажбата на возилото за одреден временски период“.
Во исто време, еден од топ менаџрите на Porsche во интервју за изданието AutoExpress вели дека компанијата планира да направи целосно електрична верзија на SUV моделот Cayenne. Како што е познато, моделот дебитираше во далечната 2002 година, а сега е во својата трета генерација и ужива огромна популарност.
Најверојатно, електричиот Cayenne ќе добие посебна платформа и ќе се продава заедно со стандардната верзија која ќе ги опслужува пазарите каде што автомобилите на струја не се толку популарни и немаат доволно инфраструктура за нив.