Продажбата се зголемува, Lamborghini планира и четврти модел
Италијанскиот производител на суперавтомобили Lamborghini ги бележи најдобрите резултати во својата историја, приближувајќи се кон целта од 8.000 продадени возила годишно
Во 2018 година, Lamborghini испорачал 5.750 возила, што претставува зголемување од 51% во споредба со 2017 година, а воедно осма година по ред со раст на продажбата. Сличен резултат се очекува и оваа година, бидејќи ќе прва комплетна година со моделот Urus во понудата.
Ако продажбата продолжи да расте до средината на следната деценија, Lamborghini планира да претстави и четврти модел во својата палета покрај Huracan, Aventador и SUV моделот Urus.
Првиот човек на Lamborghini, Стефано Доменикали naјави дека Lamborghini веќе работи на GT модел со 2 + 2 концепт на седиштa. Сепак нагласува дека на новиот модел треба да се почека, бидејќи Lamborghini сè уште не е доволно моќен и стабилен да инвестира и во четврти модел во понудата
Ако производството дозволи, новиот модел се очекува да ја зголеми годишната продажба на 10.000 возила или повеќе од она што Ferrari го постигна во 2018 година (9.251).
Исто така, Lamborghini планира да ги заржи атмосферските мотори V10 и V12 во понудата колку што е можно подолго, но со хибридна поддршка за исполнување на еколошките стандарди. Доменикали додава дека Lamborghini планира да го задржи моделот Aventador уште две години, бидејќи и покрај тоа што беше презентиран пред осум години, се уште е многу баран.