Случојот со Chevrolet е еден таков случај

Super Sport изведбата на компаниските модели Chevrolet ја имаат уште пред неколку децении, но дури во 2014 година, кога почнува да се користат само иницијалите тоа и засметува на една земја. Сигурно веќе претпоставувавте дека ознаката SS никако не можела да пројде во Израел, поради шо истата година е забранет увозот. Едноставно сличноста е преголема, а Хитлер, Химлер и нацистичкиот режим некои го гледаат и во автомобилите.

Слично размилсувале и во Египет. На Египќаните не им се допаднало нивното лого, па во еден краток временски период верските водачи „повеле“ света војна против Chevrolet односно објавиле фатва да се забранат производите на овој бренд со крст во логото.

На Chevrolet не му одело ниту со Camaro. Со цел нивниот модел да биде што поуправлив во издание со 1LE пакетот, компанијата го опремила со предни крилца со огромни димензии. Меѓутоа, во Европа, одлучиле дека тие се косат со стандардите за безбедност на пешаците, бидејќи можеле да ампутираат пешак во случај на сообраќајна несреќа.

За Американците, безбедноста е толку важна што тие на патиштата не путаат ништо што официјално не е безбедно. Така вели законот, па затоа TVR и извисил.

TVR не е единствениот. На патиштата без исполнување на дополнителни услови неможат ниту Pagani Zonda R и Lotus 340R, а и модели како Alfа Giuliettа и VW Polо Bluemotion.

Кога станува збор за Mustang, Ford за Австралија не може да го опремува со Line Lock систем кој автоматски ги сопира предните тркала додека се палат погонските. Инаку, целта не „палење на гумите, туку само загревање, но некои ова сакаат и го злоупотребуваат.

Во Индија пак се „многу загрижени“ за безбедноста во сообраќајот. Затоа тие одлучиле дека автономните системи за управување сé уште не можат да се најдат на улиците низ оваа земја. Имено, индискиот официјален став не е последица на грижата поради сообраќајот, туку се должи на фактот дека самовозечките возила ќе генерираат губиток на многу работни места.