Изложбениот примерок на премиерата во Женева е во ново „арктичко бело“ издание со сини акценти од јаглеродни влакна

Фановите на суперавтомобили имаат многу причини да бидат задоволни со прифаќањето на електрификацијата, бидејќи машините со нулта емисија, главно, имаат фасцинантни технички спецификации, иако можеби ја немаат магијата во форма на симфонија од издувните цевки.

Rimac C_Two во концептна верзија беше претставен пред една година исто така во Женева, за сега истиот модел да добие „ново одело“.

„Арктичко белиот“ модел го претставува начинот на Rimac со кој ни кажува дека се тече според планот. Прототипови од електричниот „ѕвер“ веќе се во производство, а хрватскиот производител сугерира дека подобрувањата што се однесува до погонот ќе бидат имплементирани во моделите за клиентите до 2020 година.

Салонскиот дел исто така е фасцинантен, благодарение на темата во форма на мат јаглеродни влакна во комбинација со „петролеј“ сина кожа на седиштата, тапацир на вратите, воланот, централниот потпирач за раце, па дури и патосниците.

Rimac сè уште не сака да навлегува во детали во врска со подобрувањата, но вели дека тоа ќе биде можно благодарение на „новите напори за развој“. Она што за сега се знае е дека C_Two има четири електрични мотори со вкупна моќност од 1.914 КС и максимален вртежен момент од 2.300 Nm. Ова е доволно за спринт до „стотка“ за 1,97 секунди, со тоа што на електричниот хиперавтомобил до 300 km/h му требаат само 11,8 секунди.

Благодарение на големата батерија од 120 kWh, Rimac C_Two може да помине 550 километри со полнење да на батерискиот пакет по WLTP, односно 650 километри според NEDC циклусот.