Aston Martin официјално потврди дека Valkyrie ќе има 1.160 КС
Британскиот Aston Martin конечно и официјално објави детали за перформансите на хибридниот модел Valkyrie
Valkyrie доаѓа со 1.160 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, а овој хиперавтомобил користи систем сличен на KERS (Kinetic Energy Recovery System) во F1 болидите.
Хибридниот систем развиен во соработка со Integral Powertrain Ltd и Rimac, поединечно ги напојува електричниот мотор и пакетот батерии.
Електричниот мотор монтиран во менувачот на Valkyrie додава 160 КС и 280 Nm. Без хибридниот систем, 6.5-литарскиот V12 атмосферец во Aston Martin развива 1.000 КС и 740 Nm.
Развиен е во соработка со Coswort и Red Bul Racing, користејќи ја експертизата стекната во Formula 1.
Каросеријата е направена од карбонски влакна, а соодносот на моќност и тежина на автомобилот ќе биде 1: 1.
Според Aston Martin, ентериерот е „симфонија на минимализмот“, каде што доминираат деталите на јаглеродни влакна, додека на централната табла има само управувач, централен екран чувствителен на допир и неколку копчиња.
Aston Martin од овој модел ќе направи само 150 единици и тие се веќе резервирани по цена од 2-3 милиони фунти.
Првите испораки на моделот првично познат како AM-RB 001 се очекуваат до крајот на оваа година.