Онлајн изданието Automobile Magazine ги претстави плановите на производителот од Штутгарт до 2023 година, со најава на бројни модели во следните неколку години. Сепак, има и тажни вести, но според многумина сосема логични

Имено, Daimler во плановите за развој на новата S-класа, која треба да се дебитира следната година, нема никакви назнаки врзани со купе и конвертибилната верзија.

Иако, гледано од аспект на автомобилските ентузијасти, оваа одлука не носи задоволство, во бизнис смисла одлуката е сосема разумна. Податоците за продажбата кои се однесуваат на овие варијанти, за жал, на ниту еден начин не поддржуваат новиинвестиции за нивен развој. Продажните предвидувања за наредната година, исто така, одат во прилог на одлуката на раководството на Mercedes.

Сепак, Daimler се надева дека тие малку купувачи на кабриолет и купе верзиите од S-класата, своите пари ќе ги потрошат на други модели од германска група, пред сè за новиот Mercedes SL или, на пример, за атрактивниот Mercedes AMG GT.