Тјунирани Porsche 911 Turbo S и Nissan GT-R против BMW M5 Competition / ВИДЕО
Три различни „ѕверки“ на стартната линија – која од која попожелна
Пред нас е BMW M5 Competition наспроти две тјунирани спортски купеа. Една ES Motor Porsche 911 Turbo S 997 генерација, а другиот е Litchfield Nissan GT-R.
Сите три автомобили чинат 100.000 фунти.
Nissan GT-R Track Pack развива 650 КС и 830 Nm. Тежината на возилото е 1.750 килограми и има погон на сите тркала.
Porsche 911 Turbo S е е најлесниот помеѓу конкурентите со 1.650 килограми, но и најмоќен со 770 коњи и 1.000 Nm. Стар е можеби 10 години, но во овој случај тоа не значи ништо.
Баварскиот BMW M5 Competition доаѓа во форма на лимузина со четири врати. Логично, ова возило е најтешко со речиси два тона (1.950 килограми), а исто така има и најмала моќност – 625 „коњи“ и 750 Nm.
Погледнете го видеото во прилог!