Најдоброто нешто во оваа бизарна несреќа e што никој не е повреден

Како што може да се види на видео клипот, лимузината Nissan Maxima завршила под кампер, а притоа  успеала да го поткрене и огромниот камионет на Dodge. Во описот на видеото стои дека жена останала заглавена во возилото, но подоцна успеала да стигне до задното седиште и да се извлече низ прозорецот.

Според описот, Nissan-от од позади налетал на приколката и буквално се бутнал под неа. При тоа во налетот успеал да ги помести двете осовини на приколката која тежи најмалку 700 килограми. Се претпоставува дека приколката била малку подигната од задната страна поради ниската спојка со камионетот, додека Nissan-от во налетот силно кочел и понирал со носот. Тоа очигледно било доволно за да се заврши под приколката.