Новото Porsche 911 ја фасцинира глобалната автомобилска заедница

Она што го моделот 911 отсекогаш го издвојувало од конкуренцијата се перформансите на патишта со кривини и тркачките патеки. Новата, 992 генерација, на сето ова додава значајно подобрена управливост на влажни подлоги, благодарение на новиот модел на Porsche Wet режим на возење.

Според германскиот производител, ова е технологија која го прави возењето поудобно, поконтролирано, побезбедно и побрзо во услови на дожд односно влажни патишта. Режимот Wet автоматски го детектира влажниот пат и ги прилагодува програмите кои ја контролираат стабилноста и потпирањето. Системот дури и го предупредува возачот на ризик од аквапланинг, во моментот кога акустичните сензорите во лаковите на тркалата детектираат влажен млаз.

Тоа не е се, бидејќи под одредени услови, автомобилот може да бара возачот мануелно да го вклучи режимот Wet преку копчето над централната конзола (или интегрирано во прекинувачот на воланот со опционалниот пакет Sport Chrono). Во моментот кога е активиран, овој режим ги прилагодува системите за стабилност и контрола, активната аеродинамика и одзивот. Дури и променливиот заден спојлер се извлекува во положба Performance за подобро потпирање на тркалата на задната оска.

Ако сте зад воланот на Carrerа 4S, интегрираниот погонски систем автоматски ќе испрати поголема моќност на предните тркала. Без оглед на спецификациите, кога е вклучен Wet режимот, испораката на вртежниот момент се менува, а стратегијата за промена на степенот на пренос на осум-брзинскиот автоматски менувач автоматски се прилагодува на новите услови.

„Режимот Wet е развиен за да обезбеди континуирана поддршка на возачот кога се вози по влажни патишта“, вели Аугуст Ахлајтнер, шеф на инженерскиот тим на кој работел на 911. „Тој не ја ограничува максималната моќност на моторот или максималната брзина, така да не треба од таа причина да биде злоупотребен, односно во влажни услови да се вози премногу брзо. Треба да се гледа како на систем за асистенција во најпозитивна смисла“.