По бројни тизери, шпионски слики и „истечени фотографии“, BMW конечно и официјално ја претстави рестилизираната Серија 7

„Седмицата“ добила повеќе стилски промени и неколку важни технолошки унапредувања, а BMW на премиерата ја претстави преку верзијата M760Li xDriver која ќе биде и врв во понудата.

Надворешно доминира масивната предна маска со 40% поголем „бубрег“ за поголем визуелен впечаток. Промена има и во дизајнот на хаубата, како и крилата кои станале нешто „помускулести“.

Што се однесува до светлосните групи, промените се на задната страна на возилото каде тенка линија се простира преку целиот дел и ги спојува задните светлосни групи, кои се 3 сантиметри помали од моделот кој е на заминување.

Во салонот, „седмицата“ ја добила последната генерација на инструмент таблата која се наоѓа и во моделите X5 и Серија 8, а Баварците велат ќе има нови кожен тапацир и подобрена звучна изолација.

Што се однесува до погонот, главен агрегат и понатаму е V12 со 600 КС и 850 Nm во моделот M760. BMW претстави и преработена верзија на 4,4-литарскиот V8 со 530 KS и 750 Nm, што е 80 KS и 100 Nm повеќе отколку досега.

Во новиот 750i xDrive, овој нов V8 агрегат овозможува забрзување до 100 km/h за само 3,9 секунди.

Новата Серија 7 ќе биде понудена и со хибридна технологија која комбинира 6-цилиндерски агрегат од 280 КС и електромотор од 115 КС. Комбинирано тоа е 395 КС што овозможува забрзување за 4,9 секунди. Се уште не е објавено колку ќе биде автономијата само на електричен погон од литиум-јонските батерии.

BMW го преработил и 8-степениот автоматски менувач за сите модели за 2020 година, кој сега треба да овозможи побрзо и полесно менување на брзините, а доаѓа со Launch Control функција и во стандардната опрема.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”15tY2qCeXSGdDS_M7XhyeTdRhRjfQ5LUA” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новата Серија 7 во продажните салони ќе се најде во април, а ќе биде достапна во пет различни спецификации, од кои четири се со погон на сите четири тркала, а една со заден.

Почетната цена ќе биде соопштена кога ќе почне продажбата.