BMW подготвува суперавтомобил?!
Германскиот премиум гигант BMW, наводно, развива хибриден суперавтомобил со кој директно ќе конкурира на Lamborghini, Ferrari и Porsche
Изданието Autocar пишува дека BMW планира да направи замена за сегашниот модел i8 модел и да го развие во својот M спортски оддел.
Новиот BMW модел треба да пристигне во 2023 година и да се натпреварува со модели како што се Porsche 911 Turbo, McLaren 570S и слични.
„Кога сте инженер, барем еднаш во вашиот живот сакате да направите супер спортски автомобил. Мислам дека делумната електрификација тоа и ќе го овозможи“, рече членот на одборот на BMW задолжен за развој на производи, Клаус Фролич.
Иако е премногу рано да се зборува за детали, суперавтомобилот на BMW се очекува да има најмалку 700 КС, што ќе има околу 100 КС повеќе од идниот М8 и ќе биде уште поскап од GT и i8.
Хибридниот погон и лесната конструкција ќе бидат првиот чекор кон електричната иднина на одделот BMW M, а иако хибридите подобро се продаваат, крајната цел е суперавтомобил без штетни издувни гасови.