Пијан Британец возел во спротивна насока, реакцијата на полицијата безмилосна
Да се вози под дејство на алкохол е една од најголемите глупости, особено кога возачот ќе ја погреши насоката
Можеби најлошата ситуација е кога таков возач ќе заврши возејќи во спротивна насока на автопат каде брзините секако не се мали, а секое наидување на возило од спротивната насока е речиси сигурен начин да се предизвика тешка сообраќајна несреќа со фатални последици. Видеото укажува на еден таков пример од пред неколку дена кога возач на доставно возило во алкохолизирана состојба вози во спротивна насока на автопатот М4 во близина на градот Ридинг во Велика Британија.
Полициската патрола наидува од спротивна насока и со ладнокрвна реакција на возачот ладнокрвно го исфрлува доставното возилот од линијата на движење. Неколку секунди подоцна, возачот веќе беспомошно лежи на патот додека полицајците му стават лисици и го лишуваат од слобода. Според официјалниот извештај, возачот имал четири пати поголема концентрација на алкохол во крвта отколку што е дозволено.