Откако рускиот производител на оружје Калашников го понуди својот прототип на електричен автомобил кој личи на познатиот Москвич, сега доаѓа верзија базирана на американската икона Mustang

 

Како основа послужил Ford Mustang Fastback од 1967 година, а изведувачот на работите е Aviar.

Од Aviar тврдат дека нивниот електричен Mustang развива 840 КС и од место до 100 km/h забрзува за 2,2 секунди.

Максималната брзина е 250 km/h, а автономијата помеѓу две полнења на батериите е 500 km.

За да ги обезбеди овие перформанси, кои се достојни за Tesla Model S, Aviar направил сопствена шасија од јаглеродни влакна и алуминиум.