Француската влада ја разгледува можноста за поддршка на извршниот директор на Michelin, Жан Доминик Сенар, кој би можел да ја преземе диригентската палка во Renault, наместо уапсениот Карлос Гон, пренесува францускиот весник Le Figaro, кој се повикува на неколку извори

Инаку, француската влада е најголем поединечен акционер во Renault, поседувајќи 15 отсто од акциите, што и овозможува две места во управниот одбор на групацијата.

„Сенар ги исполнува критериумите. Достапен е, во индустријата е доволно време, тој се смета за експерт во оваа индустриска гранка и затоа е најсериозен кандидат за поддршка од извршната власт на Франција. Покрај тоа, тој има значајна меѓународна репутација“, пишува Le Figaro.

Портпаролот на Renault одбива да ги коментира наводите, додека претставниците на Michelin не se достапни за коментар.