Уникатната комбинација на Mustang и Gallardо ќе се продава на аукција

Овој автомобил прв пат е претставен на јавноста во 2009 година на познатиот тјунерски салон SEMA. Неговото име е Tracttori со јасна поврзаност со основачот на „побеснетиот бик” Феручо Ламборџини.

Автомобилот наликува на Ford Mustang, но користи шасија од Gallardо и поголем дел од механиката. Се напојува со 5.0-литарски V10 мотор спарен со 6-степен автоматски менувач кој испраќа моќ на сите тркала.

Tracttori има поминато нешто повеќе од 4.000 километри, а кога за прв пат е лансиран во 2009 година, било објавено дека за неговата изработка биле потрошени 700.000 американски долари.

Што се однесува до салонот, поголемиот дел е од Gallardo, поради што за одговорните луѓе за проектот имале доста тешка задача, бидејќи моделите на Ford и Lamborghini не се баш слични кога станува збор за дизајнот на ентериерот.

Ќе биде интересно да се види колкава цена ќе постигне оваа уникатна копија на аукција следниот месец во Аризона.