Valeo: Хибридите ќе доминираат на пазарот
Францускиот производител на автомобилски делови Valeo очекува хибридните возила да сочинуваат 25 проценти од пазарот на автомобили до средината на следната деценија
Valeo произведува електрични уреди кои им овозможуваат на автомобилите со мотори со внатрешно согорување во хибридите да ја намалат емисијата на штетни гасови.
Од оваа француска компанија очекуваат дека во 2026 година на пазарот ќе има 27.000.000 хибридни автомобили.
Првите луѓе на Valeо веруваат дека автомобилите со погон целосно или делумно на фосилни горива ќе доминираат долго време и дека транзицијата кон целосно електрични возила ќе се одвива постепено.
Valeo е еден од првите десет производители на оригинални авто делови во светот со продажба во вредност од 19,3 милијарди долари во 2017 година.