Лекција од Lada за Audi
Уште едно видео кое ја покажува сета „бесмисленост“ на SUV возилата, но и тоа дека понекогаш наједноставното и најевтино решение е најоптимално решение
А кога станува збор за теренско возење, тука Lada Niva нема конкуренција или ако не е најдобрa, тогаш дефинитивно e најевтинa, но и дефинитивно подобра на терен од големиот SUV Audi Q7.
Видеото, за жал со лош квалитет, го потврдува ова, покажува дека руската зима и длабокиот снег се непремостлива пречка за германската луксузна машина. Големи димензии, масивност и широки гуми, па сепак Audi Q7 во обид за престигнување возило на патот, заглавува во снегот. Спас нема, но во целата ситуација тука е Lada Niva која безгрижно го гази снегот околу беспомошниот германски „ѕвер“.