Volvo на саемот за автомобили во Лос Анџелес нема да покаже ниту еден автомобил / ФОТО
Шведскиот Volvo ќе учествува на вториот по големина саем за автомобили во САД во Лос Анџелес, но на неговиот штанд посетителите нема да можат да видат ниту еден модел!
Наместо да покаже автомобили на медиумите и посетителите, Volvo ќе демонстрира своја визија, редефинирање на тоа што може да биде автомобилот“. Иако овој потег е крајно нејасен, од Volvo велат дека тоа ги одразува промените во автомобилската индустрија.
Сосема логично се поставува прашањето што всушност ќе биде презентирано на штандот на шведскиот производител?
Ова се уште не е целосно јасно, но во централниот дел од штандот ќе стои еден вид уметничка инсталација со порака: „Ова не е автомобил“.
Ќе има „бројни интерактивни демонстрации на системот за поврзување, како што се споделување на автомобилите и визијата на компанијата за автономно возење.
„Стартувавме приказна за иднината на автомобилот. Наместо да донесеме концептен автомобил, ќе разговараме за концептот на автомобил“, вели директорот на Volvo Automotive, Мартен Левенштам.
Оваа акција од Volvo е само продолжение на серијата „понижувања“ на саемите за автомобили, бидејќи многу големи производители ги пропуштија главните настани за оваа година. Се чини дека пораката станува се појасна – саемите за автомобили се минато.