Шпанскиот бренд работи на новата генерација на Leon, која е во фаза на тестирање

 

Судејќи според шпионските фотографии, како форма очигледно убаво се развива, иако деталите по однос на дизајнот се уште се непознати, бидејќи прототип моделите се под темелна камуфлажа. Повеќе ќе се знае во март следната година, кога на салонот за автомобили во Женева, SEAT треба да го презентира концептот како предвесник на серискиот модел.

Концептот ќе биде предвесник на новиот дизајн јазик на брендот, кој би требало подобро да ги диференцита SEAT моделите во споредба со сестринскиот бренд од групата VW. Дизајнерите сега ставаат акцент на „исполнетост”, наспроти актуелните остри линии.

„Некако ќе се оттргнеме од острите агли и линии. Користење на акцентирани линии кои ја изразуваат прецизноста е нешто што со Leon го работиме од 2012 година. Со новата генерација сакаме моделот да се разликува од своите колеги од групата VW“,  вели шефот за дизајн на SEAT, Алехандро Месонеро-Романос.

Она што е интересно е дека SEAT нема да применува други насоки за проектирање на идните електрифицирани и целосно електрични модели. Наместо тоа, овие модели на шпанскиот бренд ќе изгледаат како и остатокот од гамата.

Во меѓувреме, стана јасно дека Cupra, перформантниот оддел на Seat, планира да лансира самостоен модел до крајот на годината. Станува збор за ексклузивен сериски модел, не концепт, кој ќе биде произведен во лимитирана серија и практично ќе биде задолжен за демонстрација на адутите со кои Cupra располага.

Cupra e-Racer

Хибридизацијата, исто така, ќе игра важна улога во иднината на Cuprа. Инженерите од оваа дивизија имаат намера да го применат електрификациониот третман на идните погонски системи, па така во игра е дури и целосно електрична Cupra. Сепак, пред тоа на сцената се очекуваат Cupra Leon, Cupra Leon ST и Cupra CUV модел (до крајот на деценијата).